Милан сака да купи играч на Барселона

Некогашниот италијански првак Милан по вторпат тргнува во обид да го доведе Малком од Барселона. Тоа е играчот кој минатата година за сума од 40 милиони евра дојде од Бордо, но не ги оправда оечкувањата и не се снајде баш најдобро на „Камп ноу“, па затоа почесто е на клупата за резерви отколку на теренот.

Италијанскиот тим најавува дека би сакале да го добијат Малком на позајмица, и тоа да биде од почетокот на сезоната. Засега од Барселона молчат за евентуалното заминување на овој играч во Милано.

- Оглас -

Најнови вести