21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Милан сака Де Ѕерби да биде наследник на Пиоли

Управата на Милан планира во наредните денови да започне преговори со Роберто де Ѕерби, кој од денеска повеќе не е менаџер на Брајтон, пишува „Газета дело спорт“.

Според весникот, челниците на Милан донеле конечна одлука да се разделат со Стефано Пиоли на први јуни и веќе закажаа разговор со Де Ѕерби и неговите агенти.
Роберто де Ѕерби и во минатото беше поврзуван со Милан, тим за кој Италијанецот навива од детството.

Покрај Милан, интерес за Де Ѕерби пројавува и Баерн Минхен, кој исто така нема тренер за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести