Милан сака двајца играчи од европскиот првак Челзи

Италијанскиот калчолигаш Милан испратил понуда вредна 28 милиони евра за да го откупи договорот Фикајо Томори од Челзи. Според најавите од Италија, Росонерите веќе се договориле со новиот европски првак за преземање на договорот на дефанзивецот кој изминатава сезона играше на „Сан Сиро“, но како позајмен играч.

Томори одигра 17 меча во Серија А, а имаше и четири настапи во Лигата на Европа, доволно за да го покаже својот квалитет и челниците на Росонерите да сакаат да го откупат неговиот договор од Челзи. Освен Томори, Калчомеркато тврди дека Милан ќе се обиде летово да го доведе и Оливие Жиру од Челзи.

Францускиот напаѓач е слободен играч и без пари може да пристигне во Милано, каде што би бил партнер на Златан Ибрахимовиќ во офанзивниот дел. Меѓу играчите со кои сака Милан летово да се засили, се споменува и името на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски од Лидс.

 

- Оглас -

Најнови вести