24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Милан сака уште еден фудбалер на Реал Мадрид, но Чаби Алонсо не сака да слушне да го пушти

Раководството на Милан откако го ангажираше Лука Модриќ, имаше во план да тргне по потписот на уште еден фудбалер на Реал Мадрид. Се работи за левиот бек Фран Гарсија, за кого се сметаше дека нема да има место во составот на Чаби Алонсо, откако на таа позиција беше купен Алваро Карерас од Бенфика.

Сепак, откако се појавија ваквите информации во јавноста, Чаби Алонсо веднаш побарал состанок со Флорентино Перес, на кого јасно му кажал дека Фран Гарсија не смее да биде продаден и дека тој ќе ротира со Карерас на левата бековска позиција.

На таа „кралевите“ го имаат и Ферлан Менди, кој мака мачи со повредите, па се чини дека тој ќе биде оној кој ќе го напушти Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести