23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Милан сам побарал да го исфрлат од Лигата на Европа!

Некогашниот италијански и европски првак Милан упатил официјално барање до Европската фудбалска федерација (УЕФА) да биде исфрлен од Лигата на Европа за следната сезона. Во своето образложение, Росонерите наведуваат дека на тој начин ќе добијат можност да се обидат да ги средат финансиските проблеми во клубот и да се надмине проблемот што го имаат со Финансискиот фер плеј на УЕФА.

Милан веќе е осудуван поради непочитување на финансискиот фер плеј на УЕФА во периодот од 2015 до 2018 година. Доколку гигантот од „Сан Сиро“ летово заигра во Лигата на Европа, тие ќе го повторат тоа прекршување на финансискиот фер плеј. Токму затоа, челниците на Милан побараа да го отстапат местото на друг клуб од Италија да се натпреварува во Лигата на Европа додека уште не започнало ова натпреварување.

Од УЕФА најавија дека во рок од 72 часа ќе дадат официјален одговор на ова барање на Милан. Росонерите завршија на петтото место во Серија А и за малку не обезбедија учество во групната фаза од Лигата на шампиони. Со неуспехот да се пласираат во Лигата на шампионите, Милан загуби неколку милиони евра.

Доколку Милан добие дозвола да не игра во ЛЕ сезонава, место во Европа ќе добие екипата на Торино.

https://twitter.com/acmilan_intl/status/1141033898673082370

- Оглас -

Најнови вести