Милан и Њукасл одиграа меч без голови, додека Лајпциг со 2:1 победи на гости кај Јанг бојс во првите два меча од новата сезона во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим на „Сан Сиро“ тргна инспиративно и во првите 20 минути упати шест удари во рамките на противничкиот гол, но Њукасл одолеа на овој жесток напад. Никогаш претходно Милан немал шест шута во рамките на голот во толку краток период во дуел од ЛШ.
И во продолжението на мечот, Милан напаѓаше, создаваше шанси, но не погоди. Џабе беа 23-те шута на домаќините, кога Њукасл добро се бранеше. Гостите немаа ниту еден удар во рамките на голот на Милан, но задоволни се враќаат дома затоа што освоија бод на првиот нивен меч во ЛШ по пауза од 20 години.
Со три бода од гости се враќа Лајпциг, и тоа од кај Јанг бојс. Германскиот тим победи со 3:1. Симакан погоди само по 144 секунди игра за предност на Лајпциг, но Јанг бојс брзо се врати во игра и израмни на 1:1 во 33-тата минута.
Во второто полувреме Лајпциг беше многу подобар и постигна два гола. Во 74-тата минута прецизен беше Шлагер со шут од над 20 метри, а триумфот на германскиот тим го потврди Шешко со погодок во 90+2 минута.