Милан се израдува во 97 минута, судијата прво го поништи погодокот, па досуди гол (Видео)

Милан со погодок во последните секунди од мечот, победи на гостувањето кај Удинезе со 1:0. Капитенот Алесио Ромањоли втор пат за само неколку дена е херојот на „росонерите“. Откако во средата даде гол во 91 минута за триумф против Џенова, овојпат ја затресе мрежата на Удинезе и тоа во 97 минута.

Требаше да се играат 4 минути продолженија, но во судиското надополнување Удинезе остана со играч помалку по црвениот картон на еден од домашните фудбалери. Токму поради тој црвен картон, иргата беше дополнително продолжена, а Милан тоа го искористи и со голот на Ромањоли стигна до победа.

Гостите се израдуваа на голот, кога судијата покажа дека имало офсајд, па го поништи погодокот. Сепак, по прегледување на ситуацијата со помош на ВАР системот, голот беше признат, што значеше и победа за Милан.

За „росонерите“ ова е трета победа во низа и е одлична најава за дербито во следното коло против Јувентус на „Сан Сиро“.

 

- Оглас -

Најнови вести