3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Милан се откажа од некогашната ѕвезда на Реал, па сега ќе следува трансфер надвор од Европа?

Српскиот интернационалец, Лука Јовиќ, своевремено важеше за еден од најпреспективните фудбалери, а тоа беше препознаено и од Реал Мадрид, па во 2019 година го купија за 63 милиони евра од Бенфика. Сепак, Србинот не ги исполни очекувањата, па беше пуштен на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, а потоа како слободен фудбалер се пресели во Фиорентина.

И таму не се задржа многу, па во 2023 година следуваше трансфер во Милан, а сега повторно ќе бара нов клуб и повторно како слободен агент. Според договорот на клубот и фудбалерот, Милан имаше можност автоматски да му го продолжи договорот најдоцна до 20-ти јуни, па со оглед дека тоа не го сторија, Јовиќ станува слободен фудбалер на 30-ти јуни.

Според информациите од Италија, Србинот сега ќе прави трансфер надвор од Европа, а интерес за него има од мексикански Круз Азул и бразилскиот Ботафого.

- Оглас -

Најнови вести