Фудбалскиот клуб Милан потврди дека завршуваат позајмиците на неколку играчи и на сите нив Росонерите решија да им се заблагодарат преку социјалните мрежи.
Милан го враќа 35-годишниот Кајл Вокер во Манчестер сити, и не ја искористи шансата да го откупи англискиот десен бек за 5 милиони евра. Вокер шест месеци играше за Милан и за 1.046 минути на 16 меча немаше гол или асистенција.
Си одат и Жоао Феликс кој е играч на Челзи, Рикардо Сотил кој е под договор со Фиорентина и Тами Абрахам кој се враќа во Рома.