-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Милан се спаси од пораз во Фиренца (Видео)

Милан извлече реми на гостувањето кај Фиорентина играјќи 1-1, што е уште еден погрешен чекор во трката за врвот на табелата.

По неубедливите претходни гостувања, Росонерите пристигнаа во Фиренца како благи фаворити против тимот што се покажа како едно од најнепријатните изненадувања во лигата.

Милан првата вистинска шанса ја имаше преку Кристијан Пулишиќ во 11-тата минута, но Давид де Хеа добро се постави. Само седум минути подоцна, Пулишиќ се избори со искусниот голман, но завршницата му беше слаба, а ниту обидите во 21-та и 27-та минута не резултираа со гол.

Возбудата продолжи и во судиското продолжение на првото полувреме, кога тренерот на Фиорентина, Паоло Ваноли, заработи исклучување, оставајќи го тимот без „шеф“ во продолжението.

Во второто полувреме домаќините беа поопасни, а во 50-та минута Мандрагора упати одличен центаршут кон казнениот простор, но Мајк Мењан демонстрираше искуство и спречи погодок.

Фиорентина конечно поведе во 66-та минута, кога Пјетро Комуцо извонредно скокна и само ја закачи топката, која заврши во мрежата, со помош на слабата реакција на одбраната на Милан.

Сè до крајот на натпреварот се чинеше дека победата ќе остане во Фиренца, но во 90-тата минута Кристофер Нкунку постигна убав гол по асистенција на Јусуф Фофана за 1-1. Во судиското надополнување од седум минути Росонерите имаа шанса да земат и три бода, но Брешанини ја погоди стативата, а Кен не успеа да го совлада Мењан во следниот напад.

На крајот, реми кое ќе значи многу за самодовербата на Фиорентина, додека Милан пропушти

- Оглас -

Најнови вести