Милан се враќа на победничките патеки

1310 Жирона – Атлетико Мадрид (21.00 ч.)

Атлетико Мадрид на последните два натпревари одигра фантастично и покажа дека е фаворит за освојување на третото место во Ла Лига иако има квалитет да се бори и за титулата. Но, слабите игри и резултати во првиот дел од сезоната си го зедоа данокот и Атлетико има дури 20 бода помалку од лидерот Барселона на 13 кола до крајот.

Но, во претпоследното коло Јорганџиите ремизираа со Реал Мадрид (1:1), а во последното ја декласираа Севилја со 6:1. Жирона е 12-та на табелата и е на четири бода од опасната зона. Интересно е што во досегашните меѓусебни натпревари, Атлетико нема победа на гости, три пати ремизираше, но последниот дуел се одигра пред пет години.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.80)

 

3010 Милан – Салернитана (20:45 ч.)

Росонерите по пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во средата ремизираше во Лондон против Тотенхем, се насочуваат кон Серија А и битката за позициите кои носат пласман во елитното европско клупско натпреварување и идната сезона.

Милан се наоѓа на четвртото место, но победа над Салернитана го носи на делба на второто место со градскиот ривал Интер. Исто така, победата е императив за Росонерите поради поразот од Фиорентина во последното коло (2:1) со кој беше запрена победничката низа од три меча.

Милан досега одигра два натпревари против Салернитана на „Сан Сиро“ и двата ги доби, но тие се играа минатиот век. Во првиот дуел сезонава, Милан славеше со 1:2, а за очекување е и вечерва да дојде до победата.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.94)

 

1561 ТНС – Бала Таун (20:30 ч.)

Во Кумру (Велс) Премиер лигата, речиси сигурно е дека ТНС ќе ја освои титулата и единствена дилема на нивните натпревари е колку голови ќе бидат постигнати. На последните пет меѓусебни средби беа постигнати 18 гола, а минатото лето одиграа пријателски натпревар на кој беа постигнати шест голови (5:1).

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1641 НАК Бреда – Јонг Ајакс (20.00 ч.)

Холандската втора лига е синоним за голови, и тоа се очекува да го потврдат НАК Бреда и вториот тим на Ајакс. На десет кола пред крајот на сезоната, домаќинот ќе се бори за пласман во Ередивизијата, додека Јонг Ајакс е во долниот дел од табелата без никакви аспирации за повисок пласман.

Бреда по 28 кола е седма на табелата со 43 бода, но 12-тиот Ден Хаг има само пет бода помалку и затоа бодовите се императив за домаќинот. Бреда се наоѓа во серија од три победи по ред и сите завршија со три или повеќе голови (3:2,2:1,4:1), додека Јонг Ајакс има три порази по ред и исто така на сите беа постигнати три или повеќе голови (2:1,2:1,5:1).

Предлог тип: 1 & 3+ (2.30)

 

2830 ЦФР Клуж – Универзитатеа Клуж (19:30 ч.)

Во романската прва лига денеска ќе се играат два од последните три натпревари од регуларниот дел од сезоната и еден од тие два дуели е градското дерби меѓу ЦФР Клуж и Универзитатеа Клуж.

ЦФР Клуж се наоѓа на второто место на табелата со четири бода помалку од лидерот Фарул, додека Универзитатеа Клуж е деветта и нема шанси да се најде меѓу првите шест тима за да се бори за титулата. На последните четири натпревари на ЦФР Клуж беа постигнати дури 18 гола и за очекување е навивачите да уживаат во уште еден натпревар со голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.14)

- Оглас -

Најнови вести