Милан досега одигра шест натпревари во Серија А, а статистичарите дојдоа до резултати кои покажуваат колку е силен тимот во одбраната. Предводени од тренерот Масимилијано Алегри, Росонерите моментално се на третото место на табелата во италијанското првенство. Досега примиле само три гола, а Рома е единствениот тим во Лигата што примил помалку од нив (2).
Она што се издвојува е дека во шесте одиграни натпревари, Милан ја сочувал својата мрежа на четири натпревари без примен гол. Од почнување на ерата за доделување три бода за победа (сезона 1994/1995), црвено-црниот тим од Сан Сиро го сторил тоа само еднаш, во сезоната 2006/2007. „Опта“, компанија што се занимава со спортска аналитика, овој Милан го опишува како тежок за пробивање и го нарекува „ѕид“.
Лигашки натпревари на Милан оваа сезона:
Коло: Милан – Кремонезе 1:2
Коло: Лече – Милан 0:2
Коло: Милан – Болоња 1:0
Коло: Удинезе – Милан 0:3
Коло: Милан – Наполи 2:1
Коло: Јувентус – Милан 0:0