Милан шест години немал ваков пласман во Серија А

Милан вчера минимално со 1:0 го победи Сасуоло и тоа создаде еуфорија кај навивачите на „Сан Сиро“. Интересно е што „росонерите“ не ни дадоа гол на овој меч, туку Сасуоло сам си се порази, откако си даде автогол. Тоа беше доволно за радост на повеќе од 60.000 навивачи на стадионот во Милано.

Победата на „росонерите“ значеше и искачување на третото место на табелата, поминувајќи го градскиот ривал Интер. Статистиката покажува дека Милан речиси и да има заборавено кога последен пат бил во Топ 3 на табелата во Серија А, во вториот дел од сезоната.

Речиси по шест години Милан е во првите три на табелата, а да се игра пролетниот дел. Последен пат тоа беше случај во мај 2013 година. По завршување на таа сезона, Милан цели пет сезони не успеваше да припари до едно од првите три места, во вториот дел од сезоната во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести