Болоња и Милан ремизираа 1-1 во дуел од Серија А на кој гостите си ги чуваа силите, а домашните ја продолжија серијата мечеви без пораз која сега е пет средби едноподруго.
Росонерите од Милан испишуваа историја. Најпрвин примија гол после 33 секунди игра, еден од двата најбрзи кои ги примиле на прволигашки меч, а станаа и прв италијански тим кој во почетниот состав извадил повеќе од двајца Белгијци. Милан попладнево тргна со дури четворица Белгијци (Вранк, Салемакерс, Де Кетеларе, Ориги).
За Милан играа двајца Италијанци, а едниот нив, Побега, даде убав гол за 1-1:
Tommaso Pobega equalizes for Milan in the 40'.#BolognaMilanpic.twitter.com/iSkBoTLZJP
— $ (@samirsynthesis) April 15, 2023