Милан ќе се обиде значително да ги подобри резултатите во новата сезона. Росонерите нема да настапуваат во европските натпреварувања оваа сезона, па со Масимилијано Алегри на кормилото, италијанскиот гигант ќе се стреми барем да обезбеди пласман меѓу првите четири во Серија А и да се врати во Лигата на шампионите.
До стартот на сезоната има доволно време, а Милан планира интересен потег на трансфер пазарот. Раководството сериозно размислува за потенцијална размена на играчи со Рома, доколку Волчицата од Рим биде подготвена да прифати таква зделка.
Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома, Артем Довбик. Италијанските медиуми пренесуваат дека лично Алегри инсистира на негов ангажман. Тренерот е импресиониран од квалитетите на поранешниот фудбалер на Жирона и е подготвен да понуди размена во која Сантијаго Хименез ќе замине во Рим.
Сега се чека одговорот од Рома.