Милан со космички раст од 1.700 отсто: За два дена продадоа дресови исто колку лани за три недели

Италијанскиот калчолигаш Милан е хит во враќањето на фудбалот по принудната пауза поради корона-вирусот. Росонерите во овие два месеци одиграа 12 меча, во кои се радуваа на осум победи, а четирипати одиграа нерешено. Ваквиот добар биланс ги одведе Росонерите до место кое води излез во Лигата на Европа, но ја врати и вербата кај навивачите дека клубот може да се врати на старите победнички патеки.

Како најзаслужен за препородбата на Милан е ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер пристигна во зимскиот преоден рок и покажа дека уште е вистински лидер. Токму со доаѓањето на Ибра, започнаа и добрите игри, а тоа дава позитивни резултати и на друго поле.

Милан неодамна го промовираше новиот дрес за следната сезона, а навивачите со нетрпение чекаа за да го купат. Во првите два дена од промоцијата на дресот за сезоната 2020/21 забележан е раст на продажба на дресовите за неверојатни 1.700 отсто.

По направените пресметки, бројот на продадени дресови во овие два дена е ист како бројот на продадени дресови во првите три недели од минатото лето, кога се промовираше новиот дрес. Секако, најпродаван е дресот на Ибрахимовиќ.

Росонерите утре првпат на терен ќе го промовираат новиот дрес на дуелот против Калјари на „Сан Сиро“. Како изгледа новиот дрес на Росонерите, може да погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести