Милан освои три вредни бодови во трка за место кое води излез во Европа. Росонерите со 2:1 на „Сан Сиро“ славеа над Комо, во меч од 29 коло на Серија А. Со оваа победа, Милан стигна до 47 бодови и е на седмото место на табелата, три помалку од Болоња, која утре игра против Лацио.
Комо прв се израдува на погодок во Милано, кога Да Чуња постигна прекрасен гол од далечина, кој може да го видите ТУКА.
Гостите на полувреме заминаа со предност, но Милан не се предаде и во второто полувреме следуваше пресврт. Интересно беше дека Комо постигна втор погодок, кој беше поништен поради офсајд, а потоа Кристијан Пулишиќ донесе радост за навивачите на Милан и израмни на 1:1. Голот на Пулишиќ може да го видите ТУКА.
Целосен пресврт се случи во 75 минута кога Реијндерс по асистенција на Абрахам погоди за 2:1.
Во финишот на мечот, црвен картон доби еден играч на Комо, но и тренерот на гостите, Сеск Фабрегас.