-1.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Милан со рекордно постигнување во историјата на Топ 5 лигите во Европа!

Милан славеше на гости во Бергамо против Аталанта со 2:0 и на крајот заврши на второто место во Серија А. Со овој пласман, Росонерите си обезбедија место во Лигата на шампиони, за прв пат по 2014 година.

Победата кај Аталанта беше доволна за Милан да има постигнување кое досега не му успеало на ниту еден тим во историјата на италијанското првенство. Гигантот од „Сан Сиро“ е првиот во Серија А што во една сезона завршил со дури 16 победи на гостински терен. Во 19 гостувања, Милан покрај 16-те победи има и само едно реми и два порази.

Освен Милан во Италија, во Топ 5 лигите во Европа само уште два клуба може да се пофалат дека имале 16 триумфи на гостински терен. Тоа им успеало само уште на тимот на Реал Мадрид од сезоната 2011/12 и Манчестер сити во сезоната 2017/18.

- Оглас -

Најнови вести