Никола Сансоне даде гол за водство на Болоња против Милан од 1-0, и тоа после само 33 секунди игра, што е еден од најбрзите погодоци кои ги примиле Росонерите во Серија А.
Милан со мислите беше во реваншот од ЛШ против Наполи, па додека се свестат дека треба прво да одиграат денеска против Болоња, примија гол.
Nicola Sansone First minute goal vs Milan.#BolognaMilanpic.twitter.com/9tDrmMeiuE
— $ (@samirsynthesis) April 15, 2023
Навивачите на Милан по социјалните мрежи споделуваат снимка која според нив покажува дека голот е нерегуларен (од ВАР собата немаше никаква реакција), бидејќи неколку секунди пред голот имало фаул во напад од играч на Болоња врз гостински фудбалер.
https://twitter.com/i/status/1647227426584293382