Милан стартуваше како што посакуваа сите негови навивачи (Видео)

Италијанскиот гигант Милан триумфално започна во новата сезона во Серија А. Росонерите се радуваа на гостувањето кај Болоња со 2:0.

Сите дилеми околу победникот беа решени во првите 20-тина минути, кога Милан ги постигна двата гола. Оливие Жиру погоди за 1:0 во 11-тата минута.

Само 10 минути подоцна, прецизен беше и Кристијан Пулишиќ за удвојување на предноста. Неодамнешниот фудбалер на Челзи беше еден од најдобрите на тернот, што значи дека Милан најверојатно направи одлична работа со доведувањето на овој фудбалер.

Потоа домаќините ја презедоа иницијативата, упатија дури 16 удари гон голот на гостите, но не успеаја да погодат ниту еднаш.

- Оглас -

Најнови вести