Без многу проблеми, Милан ги освои трите бода на гостувањето кај Болоња откако победи со убедливи 3:0 во меч од 23-тото коло на Серија А. За Росонерите ова е 14-та победа, имаат и осум нерешени и само еден пораз, па со 50 бода се на второто место на табелата, пет помалку од лидерот и нивен вечен градски ривал Интер. Болоња по овој пораз остана на 30 бода и е на десеттото место на табелата.
Уште во првото полувреме гостите од Милано покажаа дека се дојдени да победат, а резултатот го отвори Лофтус-Чик со погодокот во 20-тата минута. Гостите во таа ситуација имаа многу среќа, а најумешен беше англискиот интернационалец кој погоди за 1:0 и тој погодок може да го видите ТУКА.
Пред крајот на првиот дел беше досуден пенал за Милан, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Кристофер Нкунку за 2:0 на полувреме за гостите. Погодокот од пенал може да го видите ТУКА.
Само што започна вториот дел, нова радост за гостите. Болоња изведе аут, топката дојде до Адријан Рабио, кој не пропушти да го искористи дадениот подарок и погоди за 3:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.
До крајот на мечот немаше многу возбудувања и Росонерите заслужено ги освоија трите бода.

