Актуелниот шампион Милан на одличен начин тргна во одбрана на Скудетото, со сигурни 4-2 против Удинезе во премиерното коло во Серија А.
Росонерите на Стефано Пиоли сепак се намачија за трите бода бидејќи наидоа на потежок предизвик во Зебрите на Илија Нестровски, кои пријатно изненадија со пристапот на теренот во првото полувреме.
Со четири гола се украсија воведните 45 минути на „Сан Сиро“. Бекао изненади во втората минута за 1-0 во корист на Удинезе, но веќе до 15-тата минута Ернандес и Ребиќ изрежираа пресврт за домаќинот.
Иако Масина ги расипа плановите на Пиоли со израмнувачки гол за 2-2 пред самиот крај на полувремето, Дијас по паузата веднаш донесе нова предност за Милан од 3-2.
За да нема дилеми, Ребиќ вторпат на мечот се запиша во листата стрелци, за конечни 4-2 на нешто повеќе од дваесетина минути до крајот.
Во вториот натпревар Атланта со рутински 2-0 славеше на гостувањето кај Сампдорија.