28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Милан уште сега договори трансфер за идното лето

Милан го договори ангажманот на Флоријан Тован, крилниот офанзивец на Олимпик Марсеј, чиј потпис ќе го добие без отштета. Тован на „Сан Сиро“ ќе дојде како слободен играч, откако влезе во последната година од договорот со Марсеј и одби продолжување на истиот.

Росонерите не губеа време во ангажманот на Тован, за кого се интересираше и Рома. Седумкратниот првак му обезбеди најдобри услови, па така ексиграчот на Њукасл од следната сезона ќе игра во Калчо лигата.

Инаку, 27-годишниот Тован е репрезентативец на Франција и досега запиша 10 настапи за Триколорите. Оваа сезона е еден од најефикасните играчи на Марсеј со два погодоци и три асистенции во досегашниот тек од првенството во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести