36.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Милан успеа да го убеди Хојлунд, напредуваат преговорите и со Јунајтед

Упорноста на Милан во обидот да го ангажира напаѓачот на Манчестер jунајтед, Расмус Хојлунд, конечно почнува да дава резултати, објавија италијанските медиуми.

Според информациите, фудбалерот го променил ставот околу можниот раскин со Црвените ѓаволи и сега е подготвен да се врати во Серија А.


Во меѓувреме, Милан напредува и во преговорите со неговиот клуб. Планот на Росонерите останува ист: позајмица вредна 6 милиони евра со целосно покривање на платата на данскиот репрезентативец, како и опција за целосен откуп од 45 милиони евра.

Со тоа миланскиот гигант е сè поблиску до ангажманот на посакуваниот нов напаѓач, а 22-годишниот Хојлунд би добил многу повеќе минути на теренот отколку доколку остане на „Олд Трафорд“ во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести