Милан вечерва ќе игра во специјални дресови со „чудни“ презимиња

По повод Денот на мајките, кој ќе се прослави на 11 мај, фудбалерите на Милан вечерва против Болоња ќе излезат на терен во дресови со моминските презимиња на нивните мајки. Милан ова првпат го направи лани и сака да го претвори во традиција.

Презимињата на мајките на фудбалерите ќе бидат вклучени во официјалниот состав, кој ќе биде прикажан на семафорот на стадионот и ќе го прочита водителот на натпреварот. Така на пример, со бројот 11 ќе игра Криситјан Пулишиќ, но на дресот ќе му стои Харлоу.

Специјални покани за гледање на натпреварот од ВИП зоната на „Сан Сиро“ ќе бидат резервирани за навивачки парови составени од мајка и дете.

- Оглас -

Најнови вести