4.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Милан во Барселона го пронајде „новиот Малдини“?

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин, се најде на листата на желби на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.

Овој 23-годишен лев бек, кој по потреба може да игра и како лев стопер, оваа сезона доби голема доверба од Ханси Флик откако одигра дури 33 натпревари во сите натпреварувања, најчесто во срцето на одбраната.

Со своите добри игри го привлече вниманието на многу тимови низ Европа, а прв на списокот е Милан.

Росонерите веруваат дека Жерар Мартин би бил вистинско засилување за одбраната на Милан и подготвуваат понуда за универзалецот на Ханси Флик.

Интересно е што поради формата оваа сезона Мартин доби прекар „Жерар Малдини“ и токму така го нарекуваат соиграчите во соблекувалната.

Жерар Мартин во Барселона пристигна летото 2023 година како непознат играч од Корнеља само за 100.000 евра, а денес неговата вредност се проценува на околу 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести