Милан во големи проблеми пред мечот со Сасуоло: Фали пола тим на Росонерите!

Милан заедно со Јувентус се единствените два тима во Топ 5 лигите во Европа кои немаат пораз сезонава. Старата дама синоќа убедливо помина на гостувањето кај Парма и победи со 4:0 и се доближи на само еден бод зад лидерот Милан. Росонерите денеска ќе гостуваат кај Сасуоло, а тренерот на гостите, Стефано Пиоли ома големи проблеми околу составот.

Поради разни проблеми ќе отсуствуваат Ибрахимовиќ, Ребиќ, Кјаер, Бенасер и Габи. Тоа се петмина играчи кои најчесто се стартети кај Росонерите, а сега нема да играат.

Добрата вест е што во нападот се враќа Леао, каде уште ќе бидат Малдини, Коломбо и Робак. Просекот на четворицата напаѓачи на Милан за овој меч е под 19 години, што значи дека тинејџери ќе бидат задолжени за голови против Сасуоло. Навивачите од Милано знаат дека овој меч е многу важен, па вчера решија со поддршка да ги испратат своите миленици на гостувањето кај Сасуоло.

 

 

- Оглас -

Најнови вести