Поразот на Милан на гостувањето кај Пари Сен Жермен од 0-3 не е сензација, но потврди дека Росонерите се далеку од нивното реноме и амбиции.
Милан во минатата сезона дојде до полуфиналето на Лигата на шампионите, а сезонава немаа среќа во ждрепката и се најдоа во група со ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл, но веројатно ни сами не веруваа дека по три кола нема да имаат постигнат гол.
По ремијата без голови во првите две кола, вечерва на ред дојде и убедлив пораз, а нападот повторно не се прослави.
Милан вечерва постави два рекорда, и тоа негативни.
Првпат во својата клупска историја не успеваат да дадат гол во првите три кола од групна фаза во ЛШ, а станаа и прв италијански тим кој на пет меча по ред во ЛШ нема постигнато гол.
Освен тоа, Црвено-црните од Милано се и вториот клуб по Депортиво Ла Коруња од 2004/2005, кој откако бил полуфиналист на ЛШ следната сезона, во првите три кола не дал ниту еден гол.

