Милан во нокдаун, по поразот од Интер во ЛШ, сега шокиран од тим кој се бори за опстанок во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Милан го доживеаја вториот пораз во последните четири дена, овој пат во рамки на Серија А и си го загрозија местото меѓу првите четири екипи на табелата.

Специја во 35-то коло со 2:0 ги совлада Росонерите и освои важни бодови во битката за опстанок. Специја на три кола со крајот е 18-та на табелата со 30 освоени бодови, додека Милан остана на петтото место со 61 бод, два помалку од Интер кој вечерва го игра својот натпревар против Сасуоло.

Домаќинот до победата дојде во последните 15 минути од мечот, резултатот го отвори Виснијевски во 75-та минута. Триумфот го завери Еспозито со одличен шут од слободен удар во 85-та минута. Голот на Виснијевски може да го погледнете ТУКА, а голот на Еспозито на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести