Италијанскиот гигант Милан е еден од најактивните клубови во летниот преоден рок. Росонерите веќе донесоа осуммина нови фудбалери, но тука веројатно не е крајот. Според најавите, Клемент Ленгле е во фокусот на италијанскиот тим.
Францускиот фудбалер не е во плановите на Чави Ернандес и нема да има место за него во Барселона, па затоа најдобро е да најде нов клуб. Ленгле на „Сан Сиро“ може да пристигне само за 10 милиони евра, и тоа затоа што Барселона нема многу можност да се ценка и да бара повеќе пари бидејќи со заминувањето на овој фудбалер ќе се ослободи и добар дел од буџетот за плати.
Делува неверојатно, но Ленгле, кој има договор со Барселона до 2026 година, има годишна плата од 16 милиони евра, што значи дека со евентуалениот трансфер од 10 милиони евра, каталонскиот гигант со заминувањето на Ленгле ќе заштеди дури 26 милиони евра, но останува да се види дали Милан ќе успее да го реализира овој договор.