Милан во проблеми, против Јувентус ќе брани голман кој нема настап три сезони!

Екипата на Милан се соочува со големи проблеми во пресрет на дерби-дуелот од Серија А против Јувентус. Првиот голман на Црвено-црните од Милано, Мајк Мањан, доби црвен картон на последниот натпревар, па мора да ја одлежи суспензијата. Се очекуваше против Јувентус дека на голот ќе застане резервниот голман Марко Спортиело, но тој се повреди и мора да паузира десетина дена.

Сега во недела на голот ќе застане третиот голман на Милан, 41-годишниот Антонио Миранте, кој нема настап од 29 април 2021 година. Голманот тогаш бранеше за Рома, и влезе во игра во 28-мата минута на дуелот од Лигата на шампионите на гостувањето против Манчестер јунајтед. Натпреварот мина лошо за него, со оглед на тоа дека во второто полувреме на „Олд Трафорд“ прими дури пет гола во поразот од 6-2.

- Оглас -

Најнови вести