Фудбалерите на Милан и на осмиот натпревар по ред не знаат за пораз во Серија А, откако вечерва со голем пресврт во финишот победија против Фрозиноне на гости со 2-3. Победничкиот погодок за „миланезите“ беше дело на србинот Лука Јовиќ во 81-вата минута.
Претходно, Милан поведе преку Жиру уште во 17-тата минута, но следуваше комплетен пресврт на домашните кои преку Суле и Мацители поведоа со 2-1. Габиа во 71-рата минута израмни на 2-2 и го најави големиот пресврт на Милан.

