Во дербито на третото коло во Серија А, Милан води со 0:1 на гостувањето кај Рома по првото полувреме.
Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Оливие Жиру во деветтата минута од пеналот кој го доби Милан по прекршокот на голманот на Рома, Руи Патрисио над Лофтус-Чук. Голот на Жиру може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Французинот со голот постигнат на „Олимпико“ стана првиот фудбалер на Милан по Андриј Шевченко од 2001 година, кој постигнал гол на првите три меча во една сезона во Серија А.