Милан за две минути направи пресврт и ја победи Џенова (Видео)

Милан ја оствари 16-та победа во Серија А оваа сезона откако славеше на гости против Џенова со 1-2. Росонерите направија пресврт и за само две минути постигнаа два гола за триумф.

Рафаел Леао во 76-тата минута донесе израмнување, а само една минута подоцна Мортен Френдруп си постигна автогол и и пресуди на Џенова.

Домаќинот поведе во 61-та минута со голот на Витиња, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

- Оглас -

Најнови вести