Милан за година и пол доби 25 пенали во Серија А

Екипата на Милан како да се претплати за добивање на пенали во нивна корист во Серија А. Според статистиката, од почетокот на минатата сезона, односно за точно 58 натпревари во италијанското првенство, во корист на Милан се досудени дури 25 пенали, што е безмалку по еден пенал на секој втор натпревар.

Росонерите синоќа со 3:1 ја победија Рома на „Сан Сиро“, а домаќините добија два пенали. Првиот го реализираше Оливие Жиру за водство од 1:0, а вториот го промаши Златан Ибрахимовиќ во 94 минута кога веќе се знаеше победникот.

Во овој период од една и пол година, Фран Кеси е прва опција за шутирање пенали. Тој изведе 16 удари од белата точка, а погоди 13 пати. Следува Златан Ибрахимовиќ со три погодени пенали од пест удари. Жиру има два од два, а Хакан Чалканоглу лани еднаш шутираше и погоди. Вкупно тоа се 19 погодени пенали од 25 досудени, што дава 76 отсто на реализација.

- Оглас -

Најнови вести