Фудбалерите на Милан се вратија на победничките патеки, откако пред својата публика славеа тешка победа од 3-2 над Торино.
„Црвено-црните“ дојдоа во водство преку Стахиња Павловиќ во 36-тата минута, но Џовани Симеоне израмни на 1-1 во 44-тата минута.
Рабиот и Фофана во 54-тата и во 56-тата минута донесоа предност од 3-1 за Милан, а Никола Влашиќ со гол од пенал во 82-рата минута внесе неизвесност во финишот. Сепак, Милан успеа да се одбрани и да ја сочува победата.
Избраниците на Масимилијано Алегри со овој триумф се вратија на втората позиција на табелата со 63 бода, пет помалку од лидерот Интер, кој има и натпревар помалку.

