Милано и Димитријевиќ поразени од Фенербахче, загубија и Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид

Олимпија Милано претрпе нов пораз во Евролигата, по неуспехот против Фенербахче со 76-100 пред своите навивачи. Гостите од Турција од самиот почеток ја покажаа својата доминација, добивајќи го првото полувреме со убедливи 37-53. Во второто полувреме, Фенербахче само ја зголеми предноста.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра десет минути за Олимпија Милано, постигнувајќи два поени, две асистенции и еден скок. Најефикасен кај Милано беше Шилдс со 17 поени, додека МекКалум беше најдобар поединец кај Фенербахче со 18 поени.

Црвена Ѕвезда доживеа тежок пораз од 100-82 од Баерн на гостувањето во Минхен. Едвардс со 30 поени и четири асистенции го предводеше Баерн до победата, додека Боломбој беше најзабележителен играч на Црвена Ѕвезда со 12 поени и 19 скока.

Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 85-70, а Басконија во неизвесен дуел го победи Жалгирис со 66-65.

- Оглас -

Најнови вести