1009 Арсенал – Тотенхем (17.30 часот)
Ова е веројатно најлутото лондонско дерби, Арсенал и Тотенхем се ривали од северниот дел на градот и нивните меѓусебни дуели секогаш носат посебна привлечност. Арсенал е тим кој води во Премиер лигата и со победа над Петлите, Топчиите би отишле на плус 6 пред вториот. Арсенал во досегашните 11 кола прими само пет гола и имаат само еден пораз. Тотехем игра променливо, заостанува осум бодови зад лидерот и ќе се обиде да избегне серија од три кола по ред без победа. Арсенал дома не загубил од 3-ти мај наваму, а Тотенхем цели 15 години нема лигашка победа како гостин против Топчиите.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.22)
1308 Хетафе – Атлетико М. (18.30 часот)
Атлетико беше во налет пред паузата, имаше четири победи по ред, и во трка е за титулата. Хетафе зачудувачки има само две ремија сезонава, тие се познати како тим кој често играше нерешено во минатото. Јорганџиите сезонава имаат осум бодови повеќе и двојно повеќе постигнати голови од помалиот мадридски ривал. Атлетико загуби на своето последно гостување кај Хетафе во март годинава и тоа беше прекин на серија од 13 години без пораз во „Колосеумот Алфонсо Перес“.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)
1709 Лил – Париз ФК (20.45 часот)
Лил има едно лице дома, друго на гости. На свој терен се опасни и важат за големи фаворити против новиот прволигаш. Лил пред почетокот на колово имаше шест бодови повеќе од Париз и беше за шест места повисоко пласиран. Парижаните на почетокот на месецов изненадија со победа на гости кај Монако и тоа треба да биде предупредување за Лил. Последните четири меча на Лил во сите натпреварувања беа со 0-3 гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)
3008 Интер – Милан (20.45 часот)
Интер влегува како фаворит во големото градско дерби во Милано, но на овие мечеви победникот никогаш не може однапред да се предвиди со сигурност. Ако победи Милан, Росонерите може да го преземат првото место, ако киксира и Рома. Милан има три ремија во последните четири кола, а Интер има три победи во низа. Нераѕурите се убедливо најефикасниот тим во Серија А. Милан има помалку порази од Интер, а Интер уште нема играно нерешено, иако поминаа 11 кола. Последната победа на Интер против Милан во лигашки двобој беше пред две сезони.
Предлог тип: ГГ (1.80)
1309 Елче – Реал Мадрид (21.00 часот)
Елче имаше феноменален старт на сезоната, а потоа еуфоријата спласна, и сега речиси два месеци е без победа во Ла Лига. Реал не даде гол на последните два меча пред паузата (еден во ЛШ и еден во Лигата) и мора да победи за да го одбие нападот на Барселона која е тука покрај нив во битка за титулата. Кралскиот клуб има проблеми со повредени играчи особено во одбраната. Реал не знае што е пораз против Елче, последниот пораз беше пред дури 47 години.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+II (1.82)

