Милано, Лондон и Ливерпул се фудбалска мода за викендов – Дерби-натпреварите се предизвик да се одигра Спортска прогноза

Двете градски дербија во Милано и во Ливерпул и дуелот меѓу Арсенал и Манчестер сити се во фокусот на симпатизерите на фудбалот викендот што следува, а трите дерби-дуели се и посебен предизвик да се одигра 24-тото коло на Спортска прогноза.

Од трилингот дерби-мечеви, најзначаен во моментов е италијанскиот дуел на екипите од Милано, меѓу Милан и Интер. Нераѕурите го прескокнаа Милан и сега се лидери во Серија А со 50 бода, еден повеќе од градскиот ривал.

Двете екипи играат на ист стадион, што го менува името во зависност од тоа кој е домаќин и во случајов во недела од 15 часот ќе се игра на „Сан Сиро“.

Ливерпул и Евертон ќе го играат своето градско дерби во сабота од 18.30 часот, а Арсенал ќе се обиде да ја сопре брилијантната серија на Манчестер сити од 15 победи по ред, што е рекорд во Англија.

Има уште дузина интересни натпревари што се на менито на 24-тото коло на Спортска прогноза, а можете да ги комбинирате вашите прогнози од 14 часот денеска до сабота до 15.30 часот, кога почнуваат двата дуели од Бундеслигата меѓу Фрајбург и Унион Берлин и Келн со Штутгарт.

Стандардно за секое коло со погодени 13 парови се добива „ајфон 11“, а важни се и поените од резервните двојки, кои се книжат во бодовното салдо за Генерален пласман.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести