Аргентинскиот тренер Гиљермо Милано и следната сезона останува на кормилото на поранешниот европски шампион Вардар. Милано во Скопје пристигна во ноември минатата година, а сега иако сезоната не е завршена, неговиот договор е продолжен за уште една година.
Вардар има шанси да дојде и до двојната круна оваа сезона, со оглед на тоа дека претстојниов викенд се игра завршницата од Купот на Македонија, а во првенството има еднаков број бодови со Еурофарм Пелистер.