Миланското дерби со рекорден профит од продажба на билети

Миланското дерби, познато како „Derbi della Madonina“, оствари рекорден профит од 5,7 милиони евра со продажба на билети. Ова е нов рекорд во Серија А, откако претходно го држеше Интер, кога во април 2018 година го пречека Јувентус на „Џузепе Меаца“, со вкупна заработка од 5,3 милиони евра. „Сан Сиро“ утре ќе биде исполнет до последното место, бидејќи стадионот е распродаден уште пред неколку дена.

Голем придонес за овој рекорд има и продажбата на билети вон Италија. Купени се над 4.000 билети од страна на фудбалски љубители кои ќе допатуваат во Милано специјално да го гледаат дуелот на градските ривали Милан и Интер.

Најголемата заработка на италијанско тло сметајќи ги сите натпреварувања ја држи Интер, кога во ноември 2018 година ја пречека Барселона во мечот од групната фаза во Лигата на шампионите и заработи 5.9 милиони евра од продажба на билети.

Дербито на „Сан Сиро“ е закажано за утре, со почеток од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести