Се чини дека на сагата околу Партизан и испразнетото тренерско столче ѝ дојде крајот. Жељко Обрадовиќ е минато, а него ќе го наследи уште еден миленик на „црно-белите“ навивачи – Андреа Тринкиери.
Педесет и седумгодишниот Италијанец веќе беше тренер на Партизан, и тоа во периодот од 2018 до 2020 година и важи за миленик на навивачката група „Гробари“.
Иако информација сè уште не е официјално потврдена, сепак српските медиуми веќе наголемо пишуваат дека е јасно кој ќе биде новиот тренер на Партизан, а наскоро се очекува и официјалното претставување на Тринкиери.

