Миленко Неделковски „го поздрави“ тренерот на Шкендија со една порака (Фото)

Вардар го победи Силекс со 1:0, а Шкендија одигра 1:1 во Тетово против Брера во 22-рото коло од првата лига, па сега најтрофејнот клуб во Македонија е лидер на табелата со три бода повеќе од тетовци. До крајот на првенството има уште 11 кола, а тоа што се знае е дека во последниот круг Вардар ќе биде домаќин на Шкендија.

Само пред неколку дена, Шкендија со 1:0 го победи Вардар во Скопје, а тренерот на тимот од Тетово, Јетон Беќири, самоуверено изјави дека биле дојдени да победат во Скопје и тоа го оствариле.

Денеска по победата на Вардар и киксот на Шкендија, првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски, се јави со порака преку социјалните мрежи. Очигледно дека Неделковски имаше директна порака до тренерот на Шкендија, Беќири.

Очигледно е дека борбата за титулата освен на теренот, се префрли и надвор од него.

- Оглас -

Најнови вести