Миленко Неделковски со само два збора ја опиша играта на Вардар против Арсими (Фото)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар неочекувано загуби со 1:0 на гостувањето во Гостивар од Арсими во меч од 24. коло на Прва лига. По овој пораз на Вардар и победата на Шкендија на гости кај Македонија Ѓорче Петров со 1:0, сега на врвот на табелата двата тима кои се препознатливи по црвено-црните дресови имаат по 58 бодови и многу веројатно е дека до крајот на сезоната ќе водат „мртва трка“ за освојување на титулата.

Првиот човек на ФК Вардар, Миленко Неделковски преку својот ФБ профил кратко искоментира за денешниот меч на Вардар. „Лошо, многу лошо“ беше коментарот на Неделковски на темата за поразот на Вардар од Арсими.

До крајот на првенството има уште многу да се игра, а во последното коло Вардар ќе биде домаќин на Шкендија, дуел кој може и директно да го реши прашањето околу шампионот.

 

- Оглас -

Најнови вести