Враќањето на најуспешниот македонски тренер, Јошко Миленкоски, на селекторската функција се покажа како полн погодок и Македонија ќе игра во осминафиналето на ЕП.
Подготовките под палката на Миленкоски го дадоа плодот, формата беше темпирана за првите два меча со Данска и Црна Гора, и тоа се оствари.
„Тоа ни беше во планот, овие две победи ни беа најважни, а потоа рековме дека ќе уживаме и така ја темпиравме формата на подготовките. Многу работевме, многу бевме заедно, посветивме многу внимание на подготовките и тоа вроди со плод. Мора да бидеме благодарни на нашите навиачи кои не поддржуваат од сè срце и голема благодарност за тоа. Не треба да застанеме тука, утре не очекува дуел со Полска, тие се најдобрите на светот и тоа ќе биде уживање и ревија за нас“, рече Миленкоски.