27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Миленковски: Од продадени билети се собраа околу 30.000 евра и сите се префрлени за плати на фудбалерите и стручниот штаб

За 10-тина дена откако започна акцијата да се купи карта за спас на Вардар, досега се продадени помеѓу 2.500 и 3.000 билети, соопшти Милорад Миленковски, преставник на навивачката група „Комити“, која е во првиот ред од фронтот за спас на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

„Акцијата започна пред десетина дена и досега имаме продадено повеќе од 2.000 билети. Плус имаме нешто во вредност компенцирана за услучи кои што се потребни за функционирање на ФК Вардар. Значи по напрвен пресек може да кажеме дека се дадени помеѓу 2.500 и 3.000 билети. Близу 30.000 евра денеска се префрлени кај фудбалерите, сртучниот штаб и сите оние чинители кои се дел од ФК Вардар“, изјави Миленковски.

Вардар утре заминува за Златибор каде ќе биде на подготовки до 27 јули. Во овој период Црвено-црните ќе одиграат четири пријателски мечеви. Најавени се и неколку играчки засилувања во Вардар, па оптимистички се најавите дека клубот во новата сезона ќе може да се бори дури и за местата кои водат излез во Европа.

„Во тек се разговори со повеќе засилувања на екипата и малку фали спротивно од очекувањата на многумина, клубот да се бори за опстанок, да ги нападнеме местата кои водат во Европа“, оптимист е Миленковски.

 

- Оглас -

Најнови вести