Фудбалерот на Баерн Минхен и екс германски репрезентативец, Томас Милер, на интересен начин го искоментира трансферот на Флоријан Вирц во Ливерпул.
Баер Леверкузен го продаде својот најдобар играч за 150 милиони евра.
„150 милиони се нереални пари. Но, за нив тоа е само бројка за која клубовите се согласиле. Како можете да разберете што се 150 милиони евра? Од една страна, не можете ни да го купите Нејмар за тоа. Од друга страна, можете да засадите многу дрвја. Флоријан може да игра каде било. Тој не е само технички добар туку е и многу ментално силен. Очекувањата од него ќе бидат големи, но мислам дека може да се справи со тоа“, изјави Милер.