Милер е незадоволен во Баерн: Не сум за резерва, ќе си заминам ако не играм

Нико Ковач има повеќе верба во помладите и побрзи играчи и сака да ја наметне својата филозофија на игра во Баерн, а засега најмногу страда Томас Милер.

Репрезентативецот на Германија одигра само 66 минути на последните пет меча за германскиот шампион и вели дека ако продолжи да не добива поголема минутаж, ќе си замине.

„Секако дека сум незадоволен. Имам 30 години и сè уште можам да играм на врвно ниво. Сигурен сум дека можам да му помогнам на тимот, но не добивам доволно минутажа. Ако продолжи тој тренд, ќе барам да си заминам. Премногу сум амбициозен за да седам на клупа за резерви“, изјави Милер.

Му фалат само уште пет натпревари за Баерн за голем јубилеј и 500-ти меч за Баварците, клуб за кој даде 186 голови и има 171 асистенција. Милер е член на шампионската генерација на Германија и ја освои титулата во блескав стил на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

 

- Оглас -

Најнови вести