Милер испиша историја во ЛШ, досега вакво нешто им успеало само на двајца фудбалери

Томас Милер се најде во првиот тим на Баерн Минхен против Реал Мадрид во полуфиналната мегапресметка во ЛШ и протиа испиша историја.

Имено, ова е 150-ти натпревар за Милер во Лигата на шампионите и досега само уште двајца фудбалери дошле до оваа бројка, а интересно е што и двајцата се Шпанци.

Чави Ернандес има 151 натпревар во Лигата на шампионите, а вториот е легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас кој има 150 настапи во елитното клупско натпреварување.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести