Милер избран пред Левандовски за најдобар играч на Баерн Минхен

Томас Милер, кој повеќе од 20 години е верен на Баерн Минхен, е избран за најдобар фудбалер во клубот за сезоната 2021/22. Според резултатите од гласањето на навивачите, Милер е најдобар, и тоа пред Џамал Мусиала, кој го зазема второто место на оваа листа, а Роберт Левандовски ја заокружува тројката на најдобри фудбалери во Баерн за минатата сезона.

Левандовски во претходните две сезони беше најдобар во Баерн Минхен, а иако и во сезоната која неодамна заврши беше број 1 на теренот, неговата нелојалност и желба да си замине од клубот сигурно е дека е клучна за тоа што не беше прогласен за најдобар фудбалер во Баерн во сезоната 2021/22.

Милер во сезоната за која е најдобар имаше одиграно 45 натпревари за Баерн во кои даде 13 погодоци, а имаше и 25 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести